logo
logo
logo

Рот: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности

Vecer | 31.08.2022

Рот: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности

Пратеникот од германскиот Бундестаг воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика Михаел Рот, пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами. Патем, напиша тој, Македонскиот е јазик во Европа на културни различности! -Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!, напиша на Твитер Рот. Германскиот пратеник Рот е на средба со претседателот Стево Пендаровски, по што треба да се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски. Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk