logo
logo
logo

На сила не бива

Решено: ЌЕ ИМА РЕФЕРЕНДУМ за учебниците, против Царовска

Vecer | 28.05.2021

Решено: ЌЕ ИМА РЕФЕРЕНДУМ за учебниците, против Царовска

Пратениците на собраниска комисија едногласно донесоа заклучок дека иницијативата за референдум за образовните реформи на министерката Мила Царовска е уредна.

Тие сега треба да го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери кој потоа ќе ја извести Државната изборна комисија да ги отвори подрачните единици за собирање на потребните 10.000 потписи.

Претставничката на Иницијативата "Учебници и настава мора да има", Драгана Спасевска во Собранието побара Царовска целосно да го повлече предлог-законот за учебници. Една година да се работи на образовните реформи, тие да бидат познати на целата јавност и да стартуваат од наредниот 1. септември.

Поддршка за референдум родителите добија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека се за дигитализација, но никако да не се укинат печатените учебници.

Од друга страна, за пратениците од СДСМ нејасно е зошто се бара референдум бидејќи велат дека реформите биле дебатирани во јавност. Пратеничката Љатифе Шиковска рече дека досега повеќе пати во јавноста било кажано оти хартиените учебници и натаму ќе се користат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk