logo
logo
logo

Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи

Vecer | 04.08.2022

Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи

Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со барањето на јавната обвинителка Вилма Русковска упатено до странски амбасади и меѓународни организации. – Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, се наведува во одговорот на Амбасадата на САД. Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“. Во писмената реакција по вчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, Русковска нагласува дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на ОЈО ГОКК, кое што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство. – Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласува Русковска во реакцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk