logo
logo
logo

Разбојник приведен на Бит пазар

Vecer | 30.11.2021

Разбојник приведен на Бит пазар

Во понеделникот во 09:30 часот на подрачјето на Бит пазар полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит пазар го лишиле од слобода 26-годишниот  С.Ј., за кого имало локален распис.

Тој се барал во врска со кривично дело „разбојништво“ во обид, извршено на 16.11.2021 во подземна гаража на станбен и деловен комплекс.

С.Ј. е приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна кривична пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk