logo
logo
logo

Расте бројот на градови без активини на корона – ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА

Vecer | 05.06.2021

Расте бројот на градови без активини на корона – ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид-центрите. Од нив 57 се лекуваат во болниците во Скопје, а 83 во останатите градови.

Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19

Претстојните летни месеци епидемиолошката ситуација ќе биде  мирна. Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна и нема никакви знаци дека нешто ја влошува, оценува министерот за здравство Венко Филипче, но апелира граѓаните да бидат претпазливи, да ги почитуваат мерките оти секогаш може да се јави мутација на вирусот која би била позаразна од оние кои циркулираа.

Како што информира вчера Министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и до вчера до 8 часот имало 88 слободни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Во ковид-центрите во болниците низ земјава, беше соопштено вчера, е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Министерот Филипче вчера посочи дека здравствените установи се вратија на своите примарни дејности и потенцира дека сега не се чувствува наплив на пациенти со други заболувања затоа што сите болници покрај што лекувале од КОВИД-19 давале услуги од својата примарна дејност.

Тој нагласи дека и покрај подобрување на епидемиолошката ситуација во земјава  засега не се планира да се дозволи работа на затворените делови на угостителските објекти.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68555, Активни 427

Куманово 8840, Активни 109

Прилеп 8307, Активни 57

Тетово 7218, Активни 43

Битола 6296, Активни 51

Велес 5468, Активни 10

Гостивар 5177, Активни 26

Кавадарци 5153, Активни 8

Охрид 5006, Активни 51

Штип 4959, Активни 16

Струмица 4111, Активни 37

Струга 2981, Активни 23

Кочани 2789, Активни 13

Кичево 2568, Активни 41

Гевгелија 2194, Активни 10

Неготино 2184, Активни 8

Свети Николе 1523, Активни 10

Ресен 1234, Активни 9

Крива Паланка 1219, Активни 3

Радовиш 1159, Активни 22

Берово 1029, Активни 2

Делчево 971, Активни 9

Дебар 940, Активни 1

Виница 882, Активни 18

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 2

Крушево 490, Активни 4

Демир Хисар 399, Активни 5

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 374, Активни 7

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 3

Дојран 132, Активни 0

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk