logo
logo
logo

Рашковски ЕМ ОБВИНЕТ ЕМ НА ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС, министерот не гледа спорно

Vecer | 03.10.2022

Рашковски ЕМ ОБВИНЕТ ЕМ НА ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС, министерот не гледа спорно

Екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски се појави на првиот академски час на Правниот факултет. Рашковски против кого има обвинение денеска стоеше покрај своите колеги професори меѓу кои и министерот за правда Никола Тупанчевски.

Тупанчевски не гледа ништо спорно во присуството на Рашковски на првиот академски час.

-Станува збор за мои колеги кои, во различен временски период, биле составен дел од извршната власт. Факт е дека треба да се има спрема секого достоинствен пристап. Единствен критериум за осуда, било каква, е после правосилна судска пресуда. Тогаш би можеле да коментираме за состојбите затоа што само на таков начин може да зборуваме за форматирање на нечија одговорност“, рече Тупанчевски.

Рашковски деновиве почесто е во судница како обвинет за случајот „Софтвери“ кој се однесува на набавка на два софтвери – за сообраќајни прекшоци и за биометриска идентификација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk