logo
logo
logo

Рангирање на „Фајненшл тајмс“ за странски инвестиции: За само три години Македонија од третото место ја нема ни меѓу 50 најуспешни

Vecer | 25.11.2021

Рангирање на „Фајненшл тајмс“ за странски инвестиции: За само три години Македонија од третото место ја нема ни меѓу 50 најуспешни

Македонија продолжува да паѓа на Индексот за успешност на странските инвестиции, рангирање што го врши угледниот британски „Фајненшл тајмс.“ Според методолигијата што ја употребува весникот за мерење на успешноста и рангирањето потребно е конкретната земја да остварила 10 странски директни инвестиции од претходната година. Тоа не е случај со Македонија, која од тие причини не е ниту рангирана меѓу 50-те најуспешни земји на листата за 2020 година. Ваквото рангирање само го констатира назадувањето на земјава во овој економски аспект, регистриран и во претходната година. Македонија ја нема на листата на 50 земји на ранг листата на „Фајненшл тајмс“ ниту во рангирањето за 2019 година. Ваквиот развој на состојбата е драстична промена од само неколку години претходни. Така, во 2016 година според индексот за успешност на странските инвестиции „Фајненшл тајмс“ ја рангира Македонија на високото трето место.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk