logo
logo
logo

РАМА доаѓа во Скопје! Два дена е на балканска турнеја

Vecer | 04.07.2023

РАМА доаѓа во Скопје! Два дена е на балканска турнеја

Албанскиот премиер Еди Рама в четврток и петок ќе биде на балканска турнеја, во која со своите колеги ќе разговара за кризата во Косово, иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, јавија медиумите.

– В четврток наутро премиерот Рама ќе замине за Скопје. Тоа е неговата прва од петте станици, во земји од Западен Балкан кои не се дел од Европската Унија, што ќе ги посети за два дена. Во Скопје ќе има средба со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски, наведуваат медиумите.

По Скопје, Рама ќе замине за Приштина каде се очекува да се сретне со премиерот Албин Курти.

Се очекува во главниот град да биде под посебен  сообраќаен режим и блокада на главните булевари.

-Средбата се случува во моменти кога односите на двајцата премиери на Албанците се наоѓаат на најкритичната точка откако Рама застана покрај Западот, барајќи од Курти  да направи чекори назад и да создаде асоцијација на општини со мнозинско српско население на север, додаваат медиумите.

В петок Рама ќе отпатува за Белград, каде треба да се сретне со претседателот Александар Вучиќ.

Ќе ги посети и Црна Гора и Босна и Херцеговина за да разговара со тамошните премиери за „важноста на стабилноста во регионот, загрозена од неодамнешните тензии меѓу Србија и Косово“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk