Маж од Форино пукал во лице од Чегране поради нерастичен долг.
-На 17.11.2024 во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско. Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош. Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со четири куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата