logo
logo
logo

Пукање во Чаир, едно лице е рането

Vecer | 14.10.2024

Пукање во Чаир, едно лице е рането

Денеска околу 18:30 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје пријавено било дека во болницата бил донесен 35-годишниот Е.А. од Скопје со прострелна рана во ногата.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР), повредениот бил донесен од неговиот брат, кој изјавил дека додека Е.А. се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, непознато лице му се приближило и пукало кон него. Инцидентот, според братот, најверојатно е поврзан со должничко-доверителни односи.

Полицијата го истражува случајот и се работи на откривање на идентитетот на напаѓачот и мотивите за нападот, велат од таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk