Државното знаме по 24 години се вее во канцлеријата на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој за прв пат од основањето на партијата го поставува во неговата канцеларија. Државниот симбол е виден за време на средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Впечатливо е дека Ахмети во изјава за порталот на албански јазик „Тетова сот“ рекол дека отсекогаш бил за унитарна држава, но и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестијата на амбасадорите.
– Секогаш сум бил за унитарна држава, тоа беше и сугестија на странските амбасадори во земјава, бидејќи на средбите со нив ми беше сугерирано во мојата канцеларија да се постави знамето на државата Северна Македонија – изјавил Ахмети за порталот Тетовасот.
Според него, овој чин е во согласност со уверувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата