logo
logo
logo

Првобранителот Стафа барал 100.000 а добил 50.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Vecer | 14.12.2025

Првобранителот Стафа барал 100.000 а добил 50.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, објави во неделата Министерството за внатрешни работи.

Како што објави НетПрес во саботата вечерта под сомнение за поткпу од неколку десетици илјади евра бил уаспен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, вечербва бил уапсен.

Во периодот од октомври до саботата 13-ти декември годинава, осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

„Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата“, информира МВР.

Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот бил уапсен и кај него се пронајдени парите.

Фехми Стафа кој беше дел од правниот судир за конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан за случајот „Трансмет“, а сега е адвокат и на еден од контроверзните бегалци, Љупчо Пецов – Ѓаволот осомничен за финансиски криминал, од пред неколку денови влезе и во трката да стане член на Судскиот совет, на местото на Селим Адеми чиј мандат истече.

Фехми Стафа стана државен правобранител во август 2018 година, а разрешен во август 2022 година од Владата. Од Државното правобранителство тогаш соопштија дека тој си поднел оставка од лични причини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk