logo
logo
logo

Прва операција против енормно потење во Македонија

Vecer | 16.05.2022

Прва операција против енормно потење во Македонија

Торакални хирурзи при Клиничката болница Тетово минатата недела прв пат извршија интервенција применувајќи нова метода со која кај пациентка е спречено прекумерно потење. Новиот начин на интервенција претставува различна хируршка постапка од досегашната практика во дел од нервниот систем со цел да се спречи енормното потење. Специјалисти торакални хирурзи од тетовската клиничка болница ја вршат првата интервенција на хиперхидроза што значи прекумерно потење. Операцијата е изведена со методот на инцизија со помош на минимално инвазивна симпатектомија. Пациентот со хиперхидроза по интервенцијата немал симптоми на потење и се вратил во нормален живот, информираат од Клиничката болница во Тетово. За интервенцијата лекарите имаа стручни совети и едукација од лекари од Шпанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk