-Денеска заседаваше Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје, со главна цел конкретни решенија за предизвиците со кои се соочени општините. Изготвен е акциски план, се започнува со реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзи решенија за кои е неопходна координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија, истакна на средбата градоначалничката Данела Арсовска.Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно Закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под градот Скопје и се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија. На седницата присутни беа шест градоначалници на општините под надлежност на град Скопје и тоа Сарај, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Центар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата