logo
logo
logo

Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија?

Vecer | 09.08.2022

Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија?

Според неофицијални информации на телевизија Алфа во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Според изворите на телевизијата најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје.

Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.

Алфа ТВ се обидела да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не добиле одговор на повиците и пораките.

Дежурниот доктор вечерва на клиниката за телевизијата изјавил дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент.

Но, сепак според неофицијални информации пациентот треба да пристигне на инфективната клиника во секој момент, по што ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.

Извор: Алфа ТВ

Фото: Шутер

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk