logo
logo
logo

Протест против градба на висококатниците кај Холидеј Ин

Vecer | 06.12.2021

Протест против градба на висококатниците кај Холидеј Ин

Скопјани кои излегоа на протест го изразија својот револт поради проектот за изградба на висококатници на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин”. Тие бараат Основното јавно обвинителство да постапи по иницијативата која е поднесена од Државната комисија за спречување на корупција бидејќи, како што велат, од месец мај годинава, до сега тие немаат никакво известување до јавноста.
-Она што почнува да се гради според ДКСК е нелегално. Постои сомнеж за злоупотреба на службената положба и сомнеж за корупција. Бараме Обвинителството да постапи по иницијативата која му е поднесена од ДКСК, бидејќи од мај немаат никаков напредок во предметот. Оваа власт наводно се бореше против „Скопје 2014“, но за да ни го сервира „Скопје 2021“. Ако ова се спроведе што се планира, овој дел ќе биде најгусто населен регион во светот и крајно нехумани услови за живот. Тие луѓе кои велат дека се оштетени и живеат на тој дел можат да бидат обесштетени од државниот буџет, а Општината Центар е должна да ги усвои планот за суспензија на тој ДУП бидејќи во него се наведени сите аргументи поради кој тој план е спротивен на Генералниот план за Скопје. Таков план не смее да се спроведува, рече актуелната советничка во Град Скопје, Драгана Велковска од „Зелен хуман град“
 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk