logo
logo
logo

ПРОТЕСТ ПРЕД МНР ВО 17 ЧАСОТ - ВМРО-ДПМНЕ бара Заев и Османи да објават што преговараат со Бугарија

Vecer | 14.06.2021

ПРОТЕСТ ПРЕД МНР ВО 17 ЧАСОТ - ВМРО-ДПМНЕ бара Заев и Османи да објават што преговараат со Бугарија

Денеска продолжуваат протестите на ВМРО-ДПМНЕ со кои партијата бара власта да објави јавно за што преговара со Бугарија и дали веќе е прифатена бугарската декларација.

Од партијата велат дека протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација.

На седницата на Извршниот комитет одржана викендов во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите, поради како што информираат од партијата, спречување на националниот срам кој и се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев.

-Се додека на тајни преговори се подриваат македонските национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира заедно со граѓаните на Република Македонија. Протестите продолжуваат утре од 17:00 часот пред МНР во Скопје, истакнаа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk