logo
logo
logo

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ НА УГОСТИТЕЛИТЕ: Речиси година дена се без свадби, крштевки, настани

Vecer | 19.02.2021

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ НА УГОСТИТЕЛИТЕ: Речиси година дена се без свадби, крштевки, настани

Од 26 јули ни е воведна забрана за вршење на нашата примарна дејност, забрана за крштевка, свадба, коорперативен настан. Поради тоа ќе ја блокираме раскрсницата булевар Александар Македонски во Автокоманда од 14 до 17 часот, со цел да испратиме апел до Владата да ни издаде протокол за работа, изјави Перица Голомеиќ, сопственик на угостителски објект, кој речиси година дена нема работа.

Тој вели дека првенствено бараат да работат, и да им се помогне финансиски, затоа што тие ги плаќаат обврските и веќе не можеме да продолжат со тој интензитет.

На прашање колку помош добиле од државата и колкави се загубите, тој истакна дека добиле паријална помош за плати.

Шест месеци државата, а пет месеци ние ги финансираме платите. Од тие причини ние излегуваме на протест, а излегуваат и од другите дејности како што сте музичари, фотографи, атељери за венчаница. Немаме делумна попреченост, ние сме 100% попречени, па загубите се огромни, неколку стотици илјади евра – рече Голомеиќ.

Перица Голомеиќ е и еден од организаторите на протестот вчера во емисија на ТВ 21, истакна дека нивниот сектор не бил опфатен како што очекувале со петтиот пакет владини мерки.

Со почеток во 14 часот денеска угостителите излегуваат на протест. Според најавите протестот ќе се одржи во населбата Автокоманда на булеварот Александар Македонски од 14 до 17 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk