logo
logo
logo

Пауновски за разрешувањето

Простете им, НЕ ЗНАТ ШТО ПРАВАТ

Vecer | 27.04.2021

Простете им, НЕ ЗНАТ ШТО ПРАВАТ

Стојко Пауновски кој владата го разреши од местото директор на Државен пазарен инспекторат, за постапката на владата изјави дека за него ова било очекувано.

„Можам само за празннците да им порачам 3простете им не знаат што прават“ криво ми е само што меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт. Ако имало конфликт бил со шефот на кабинет на Груби, околу распределбата на рамковните вработени, изјави Пауновски за Телма

Инаку тој беше разрешен откакко не отстапи од ставот дека нема да ги вработи во инспекторатот сите 35 лица кои сакаа да му ги донесат.

Пауновски велеше дека од нив само 12 исполнуваат услови, додека премиерот беше категоричен дека поради тоа ќе го разреши.

Поддршката која му ја дадоа неговите колеги кај премиерот беше залудна. Пауновски се враќа на работното место во Управата за јавни приходи во Тетово.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk