logo
logo
logo

„Пропадна тврдењето на Заев и Борисов дека сме најблиски народи“

Vecer | 07.02.2021

„Пропадна тврдењето на Заев и Борисов дека сме најблиски народи“

Според поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, Бугарија направила грешка што го префрлила спорот со Македонија на ниво на Европска Унија, а тврдењето на Заев и Борисов дека Македонците и Бугарите се најблиски народи веќе е пропаднато.

Тој вели дека било јасно дека никој таму нема да се занимава со проблемот.

- Работите изгледаа многу ведро во 2017 година кога беше потпишан договорот Софија-Скопје. Но, нашиот договор беше многу поразличен од грчкиот. Грците успеаја - нивната цел беше да докажат дека немаат заедничка историја со Македонците, а нашата е спротивна, рече Парванов.

Тој вели дека во Договорот има еден концеппт кој досега требало да биде дешифриран и со него да се реши овој проблем, а тоа е заедничката историја.

- Мојата теза е дека треба да има краток анекс на Договорот, каде што треба да се напише дека во заедничката историја од антиката до првите децении на 20 век, населението на денешна Северна Македонија има бугарска самосвест, исто така како целата организација ВМРО се со бугарски национални цели, рече Прванов.

Прванов додаде дека сега Македонците имаат поинаква самосвест, а тие мора да ја признаат таа разлика.

- Тврдењето на Заев и Борисов дека сме најблиски народи на Балканот пропадна со најголема сила и во моментов сме најнепријателски народи на Балканот, рече Парванов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk