logo
logo
logo

„Секоја жртва на семејно насилство ДА ПРИЈАВИ И ДА НЕ ЈА ПОВЛЕКУВА ПРИЈАВАТА“

Vecer | 05.03.2026

„Секоја жртва на семејно насилство ДА ПРИЈАВИ И ДА НЕ ЈА ПОВЛЕКУВА ПРИЈАВАТА“

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше настанот во скопската населба Карпош откако животите ги загубија мајка и ќерка, откако претходно сопругот, односно таткото на детето било пријавувано за семејно насилство.

Мицкоски апелираше сите кои се жртви на ваков тип насилство, да пријавуваат и да дозволат институциите да постапат, и да не ги повлекуваат пријавите.

-Апелирам на сите кои се жртви на семејно насилство, сето тоа го пријават и да не ја повлекуваат пријавата, затоа што ако се повлекува пријавата, институциите и министерството не можат ништо да направат. Затоа е многу важно секој кој е жртва на семејно насислтво да остане на таа пријава. Ги замолувам сите тие тоа да го сторат, но и да не се повлекуваат во процесот. Навистина тоа трагедија, жалам што тоа се случувало во минатото и што се случува, и претпоставувам дека ќе имаме вакви настани во иднина. Тој број треба да го намалиме, ние како Влада застануваме зад жртвите на ваков вид насилство“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk