logo
logo
logo

Пронајден тетовецот кој прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Vecer | 25.10.2021

Пронајден тетовецот кој прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Од тетовската полиција денеска информираа дека е откриен идентитетот на возачот кој во саботата е пријавен дека учествувал во сообраќај при што е повреден пешак, а по што заминал од местото.

Станува збор за 44-годишен жител на Тетово.

– Вчера околу 13 часот и 30 минути, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го пронашле возилото „фиат браво“ со  тетовски регистарски ознаки, што го управувал 44-годишниот тетовец Е.М, кое учествувало во сообраќајната несреќа со тешко повреден пешак, што се случила на 23 овој месец на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, а кое веднаш го напуштило местото. Возилото е одземено за вештачање, а  против Е.М. ќе следува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во сообраќајката беше повреден 57-годишник од Мала Речица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk