logo
logo
logo

Програмерите се качија на ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 80.000 ДЕНАРИ

Vecer | 21.05.2022

Програмерите се качија на ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 80.000 ДЕНАРИ

Највисоката плата во земјава ја земаат програмерите, а она што е ново е дека тие ја надминаа висината на плата од 80 илјади денари. Или конкретно, во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, плата која била земена во март изнесувала 80.128 денари, додека просекот од претходните три мееци бил 79.848 денари. Плата од над 80 илјади денари, „компјутерџиите“ земале и во февруари годинава, така што во март дури има и благо намалување.

Многу после програмерите со просечна плата се од финансиско услужните дејности, каде земаат 56.260 денари, а на трета позиција се некогашните шампиони, оние вработени во дејноста телекомуникации, чија просечна мсечна плата е 51.536 денари.

Следи фарамацевсткиот бизнис со плати во просек од 50.295 и останати стручни, научни и технички дејности, каде платите изнесуваат 50.184 денари.

Инаку, мартовската просечна плата стигна до 31.080 денари, што е годишен пораст за 10,1 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk