logo
logo
logo

Продолжува хоророт во скопската Зоолошка градина, погинаа две лами од редок вид

Vecer | 08.04.2025

 Продолжува хоророт во скопската Зоолошка градина, погинаа две лами од редок вид

 Хоророт во Скопската Зоолошка градина продолжува. Погинаа две лами, вели Стефан Кирков на Фејсбук

Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од редок вид, за ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова кое се случува 3 години во нашата Зоолошка градина!

Според неофицијалните информации кои ги поседувам, Ламите починале викендов а првичните резултати неофицијално е дека истите починале од туберкулоза!

Како се терапирани овие животни и дали, кој ги лекувал и дали ќе покаже патолошкиот наод и истрагата.

Подолго време укажувам и апелирам дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек кој дo пред година дена беше аниматор за детски родендени, не го спорам неговото образование но за познавање и искуството се сомневам, а и по се што се случи и сите се сомневаме!!!

До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време да конечно престане овој хорор???

Ги охрабрувам сите новинари, институции, друштва за заштита да се позанимаваат со ова кое ни се случува во Скопската Зоолошка градина, пишува тој

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk