logo
logo
logo

ГАШИ ПОТВРДИ ДЕКА ОСТАНУВА ВО „ВРЕДИ“: Останувам лојален на гласачите што ме избраа

Vecer | 20.04.2025

ГАШИ ПОТВРДИ ДЕКА ОСТАНУВА ВО „ВРЕДИ“: Останувам лојален на гласачите што ме избраа

Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата Вреди, демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата.

„Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Вреди. Како претседател на Собранието се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратенички групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам“, напиша Гаши.

По несогласувањата со лидерот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, од Вреди најавија дека од следната недела ќе почне процедурата за создавање една партиија од коалицијата.

Лидерот на Демократско движење Изет Меџити, во интервју во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија на албански јазик, информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk