logo
logo
logo

Приведени петмина насилници кои НАПАДНАЛЕ публика на фудбалски натпревар

Vecer | 06.12.2022

Приведени петмина насилници кои НАПАДНАЛЕ публика на фудбалски натпревар

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (06.12.2022) ги лишија од слобода  И.М., Д.М., Б.М., Ѓ.Н. и Н.М. по претходна пријава од Е.С. од с. Коњари дека петмината насилници на 04.12.2022 околу 15 часот за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром ги нападнале него и други гледачи, фрлајќи со тврди предмети кон нив.

Со приведените е  извршен службен разговор во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за извршено кривично дело насилство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk