При преглед во возило во близина на Стојаково полицијата пронашла 12 мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран).
„На 03.12.2024 во 00.15 часот во близина на с.Стојаково, Општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода М.Е.(28) од Република Албанија.
Во наведеното време, со возилото „хјундаи“, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и се дал во бегство“, информираат од МВР.
При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата