logo
logo
logo

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени се 11 лица од Сирија

Vecer | 07.10.2024

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени се 11 лица од Сирија

На 06.10.2024 во 20 часот на локален пат во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.М.(32) од Република Србија.

Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk