logo
logo
logo

Притвор за шестмината приведни во акцијата со марихуана

Vecer | 11.04.2021

Притвор за шестмината приведни во акцијата со марихуана


Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во полициска акција со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА.

Станува збор за лицата Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, кои се гонат поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Во акцијата беа запленети околу 200 килограми марихуана во вредност од 800.000 евра.

При претрес кај еден од осомничените, полицијата пронајде документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели, лоцирани во Прилеп и Битола, по што МВР врши контрола во овие објекти.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска го обвини Трајче Заев – братучед на Зоран Заев за вмешаност со криминалната група, но тој ги негираше тврдењата. И владејачкиот СДСМ реагираше на обвинувањата, комнентирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не можат да се соочат со фактот дека патот на правдата во државата и е чист, а институциите борбата против корупцијата ја водат бескомпромисно.

Инаку, марихуаната која ја заплени македонската полиција требало да заврши во Грција.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk