logo
logo
logo

Притвор за ПИРОМАНОТ кој запали автомобил во Сарај!

Vecer | 11.02.2021

Притвор за ПИРОМАНОТ кој запали автомобил во Сарај!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомневање дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 10 февруари, во раните утрински часови, осомничениот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност по животот или телото на луѓето. Тој зел пластичен балон-туба и од бензинска пумпа во Ѓорче Петров наточил бензин, па преку мостот се упатил кон Сарај, каде било паркирано патничко моторно возило „Голф 5“, сопственост на еден оштетен.

Кога дошол до паркираното возило, истурил дел од бензинот врз возилото и пластичната туба ја ставил под возилото кај совозачката врата. Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал.

На тој начин, тој предизвикал пожар кој се распламтил и го зафатил целото возило. Притоа возилото во целост изгорело и со тоа за оштетениот настапила поголема имотна штета во вредност од 365.000 денари.

– Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, околности што укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Судијата, како што се наведува, го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk