logo
logo
logo

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мисајловски се сретнаа со сенаторот Марфи: Уставни измени под овие услови и бугарски диктат не се можни

Vecer | 26.05.2023

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мисајловски се сретнаа со сенаторот Марфи: Уставни измени под овие услови и бугарски диктат не се можни

Денеска пратениците Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Марија Петрушeвска, Бојан Стојаноски и Љупчо Пренџов во својство на претседатели на работни тела и членови на истите остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, и стратешките интереси на Република Македонија.

Пратениците на ВМРО - ДПМНЕ истакнаа дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање.

- На средбата беше посочено дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките  и укажувањата од страна на опозицијата, што секако создава уште поголема поделба во општеството. Исто така, беше истакнато дека е потребен економски развој и борба против криминалот и високата корупција како еден од најважните проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Заклучивме дека ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да го засилуваме партнерството со Соединетите Американски Држави во однос на локалните и глобалните предизвици, се вели во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk