Денеска, на 26.12.2024, во 10.15 часот од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на З.В.(34) во с.Волково,скопско, информира Министерството за внатрешни работи.
Тој претходно на подрачјето на Центар бил лишен од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож, а при претресот исто така биле пронајдени и одземени амфетамин и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, ќе следува кривична пријава по чл.215 од КЗ, додаваат од таму.
Освен тоа, на 25.12.2024 во 16.20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Р.П.(40) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.215 од КЗ на РСМ, соопштија од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата