logo
logo
logo

Претреси во канцелариите на ДПИ во Кочани и Виница – се влезе и во другиот објект на сопственикот на „Пулс“

Vecer | 25.03.2025

Претреси во канцелариите на ДПИ во Кочани и Виница – се влезе и во другиот објект на сопственикот на „Пулс“

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

Според информациите, тие утрово направиле претрес во канцелариите на Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница.

Во рамки на увидот што бил направен во Кочани, службените лица прибирале доказни материјали поврзани со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, а сличен претрес е направен и во Виница, со оглед што од таму се поранешниот и актуелниот раководител во Одделението за инспекциски надзор во Штип, кое е надлежно за градовите во Источниот регион.

Во меѓувреме, активности за контрола на работата на угостителските и други објекти во Кочани од утрово преземаат и општинските инспекциски служби, главно во Трговскиот центар каде што се наоѓа другиот, сега веќе искршен, угостителски објект на сопственикот на дискотеката „Пулс“.

Државното Јавно обвинителство соопшти дека се извршени претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk