logo
logo
logo

Претрес во автокамп во Охрид, пронајдена е дрога

Vecer | 24.07.2024

Претрес во автокамп во Охрид, пронајдена е дрога

На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје.
При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk