logo
logo
logo

Пресудата за „Двојник” на 11 јуни

Vecer | 08.06.2021

Пресудата за „Двојник” на 11 јуни

Пресудата за случајот „Двојник” e закажана за 11 јуни. Судијката Оља Ристовка ова одлука ја донесе после денешните завршни зборови на обвинителството и одбраната на останатите тројца обвините во овој предмет Фарук Бути, Весна Колевска и Бранислава Штипиќ.

Застапникот на обвинителниот предлог, јавната обвинителка Спасенка Андонова, побара осудителна пресуди за обвинетите, а одбраната побара од судот независност при донесување на пресудата и ослободување од обвинение на нивните клиенти.

Обвинителката од ОЈО Скопје, Андонова, во обвинителниот предлог наведува дека обвинетите при злоупотреба на нивната положба прибавиле материјална корист. Одбраната овој дел од обвинението го спори со фактот дека не е наведен видот на материјална корист, со кој според обвинението е прибавена материјалната корист од издавањето на нелегални македонски пасоши.

Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk