Преспанското езеро умира буквално пред нашите очи, вели д-р Златко Левков од Институтот по биологија во Скопје.
Според податоците, Преспанското езеро ги има истите симптоми на т.н. Дојранско сценарио од 80-тите години, кога беше забележано недостаток на кислород во езерото, вели Левков, укажувајќи на фактот дека во 1995-та година во Преспанското езеро се забалежани анеоробни услови со недостаток од кислород на дното од езерото. Тоа зналчи дека живите организими полека изумираат, и тоа продолжува до денеска. Тој процес се нарекува магична спирала, кога еднаш ќе почне процес на изумирање, секојдневно се забрзува. Инаку Преспанското езеро е еден од најважните екосистеми во светски рамки, вели левков во вечерашната Вин Вин.
Тоа е центар на биолошка разновидност.
Но, она што е многу важно, е што и Охридското езеро е во фаза иста како Преспанското во 1995-тата година, кога се алармирало за недостатокот од кислород.
Претпоставките според моделите укажуваат дека во Охридското езеро во 2031 година, за девет години од сега, можат да се појават анеоробни услови, безкислородни услови. ако тоа се случи, тоа значи дека Охридското езеро ќе го изгуби епитетот „најзначаен воден еко систем во светот“, и ние за 9 години ние тоа ќе го загубиме, алармира Левков.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата