logo
logo
logo

СЛОВЕНИЈА ПОКАЖА ВИСОКО НИВО НА СОЛИДАРНОСТ СО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 21.03.2025

СЛОВЕНИЈА ПОКАЖА ВИСОКО НИВО НА СОЛИДАРНОСТ СО МАКЕДОНИЈА

Искрена благодарност, во име на македонскиот народ, Владата и државата, за високото ниво на солидарност што Словенија го покажува – доказ за длабоката почит помеѓу нашите земји и народи, истакнал денеска во Љубљана, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на одвоени средби со министерката за надворешни работи, Тања Фајон и министерката за здравство Валентина Преволник Рупел и медицинскиот персонал кој се грижи за нашите пациенти хоспитализирани во Словенија.

„Имав можност лично да добијам информации од лекарскиот тим и да се запознаам со стручниот кадар кој помогна во еден исклучително важен сегмент – организирањето и реализацијата на медицинскиот транспорт на пациентите. И во Словенија, нашата амбасада, со сите свои капацитети, останува на целосно располагање на семејствата на пациентите. Кризниот штаб од Скопје е во постојана координација со сите вклучени институции во процесот на транспорт, прием и лекување“, објави Муцунски на неговиот фејсбук профил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk