logo
logo
logo

Пренџов: Власта забрзано носи кон бугарската теза „ЕДЕН НАРОД, ДВЕ ДРЖАВИ“

Vecer | 16.08.2022

Пренџов: Власта забрзано носи кон бугарската теза „ЕДЕН НАРОД, ДВЕ ДРЖАВИ“

Патронот на МПЦ, Свети Климент Охридски, да прифатиш да биде заеднички со Бугарија, навистина треба да ти фали нешто, вели Љупчо Пренџов, пратеник од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

- Исто така, да ги „споделиш” Светите Кирил и Методиј, Свети Наум и цар Самоил, покажува дека целосно се откажуваш од автентичната идентитетската линија на македонскиот народ, потенцира тој.

Истакнува дека со вакви решенија забрзано нѐ носите кон суштинската теза на великобугарската пропаганда дека сме „еден народ, две држави”.  Пак ќе ви кажам, нема да дозволиме да бидеме дрво без корен и паричка за поткусурување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk