logo
logo
logo

Пренџов: Владата требаше да ги замрзне цените од јули и август, месото од 240 се качи на повеќе од 300 денари

Vecer | 06.12.2021

Пренџов: Владата требаше да ги замрзне цените од јули и август, месото од 240 се качи на повеќе од 300 денари

Начинот на кој владата ги замрзнува цените на производите не е како што треба. Одговорна влада прави поинаку. Се е покачено, има многу нешто важно што не го размисливте во јули месото беше 240 сега е повеќе од 300 денари. Одговорна влада прво ги гледа цените во јули и август и вели ги замрзнувам оние кои биде во јули и август, а не овие сега цени, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема обраќајќи се на министерот за економија Крешник Бектеши кој беше дел од дебатата.

Според него владата се однесува по онаа купи ден продај и додаде дека цените требаше да се бидат замрзнати пред да се зголемат толку.

„Кажав еднаш тешко на држава во која само минималната плата расте. Треба посериозен пристап кон кризата која не чука на врата туку ни е длабоко влезена во државава“, рече Пренџов.

Според него еднострано е однесувањето на власта.

„Не може само за цени да зборуваме и тоа требаше многу порано и многу поинаку, но треба и поддршка за стопаннството. Каде е поддршката за стопанството“, праша Пренџов.

Покачувањата кажа Пренџов се високи, храна 5отсто повисоки цени, масло 24,9 проценти, месо 3 отсто, шеќер 5,5 проценти, течни горива 5,5 проценти.

„Значи многу се повисоки покачувањата“, рече Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk