logo
logo
logo

Пренџов: СДСМ мислат ќе заборавиме дека живи луѓе гореа поради “фушерај”, корупција и непочитување на процедури

Vecer | 17.09.2021

Пренџов: СДСМ мислат ќе заборавиме дека живи луѓе гореа поради “фушерај”, корупција и непочитување на процедури

Со пуштање во јавност на “разно-разни” снимки, “ПР тимот” на СДСМ смета дека граѓаните ќе заборават на трагедијата во Тетово, каде што животот го загубија 14 лица, вели пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов.

Тој потенцира дека СДСМ смета дека ќе заборавиме да бараме оставка од оној кој лажно ја понуди и сега се прави како ништо да не било, како “да не е од тука”.

-  СДСМ си мислат, ќе заборавиме дека живи луѓе гореа поради “фушерај”, корупција и непочитување на процедури.  Пред локални избори ќе сакаат да говориме за сѐ и сешто, само не за нивните градоначалници кои потрошија повеќе од една милијарда евра, а притоа, никој не ја почувствува промена на подобро во својата општина.  Ова потценување на граѓаните ќе ви се удри од глава на 17 октомври и 1 ноември, рече Пренџов.

Преџов нагласи дека потоа следува одговорност!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk