logo
logo
logo

Стоилковски: Премногу е да се остави Македонија уште 4 години на корумпираниот Заев

Vecer | 07.02.2021

Стоилковски: Премногу е да се остави Македонија уште 4 години на корумпираниот Заев

  • Зошто на власта и недостигаа 7 пратеници
  • Дали власта ги нема или го пушта Димитров низ вода, прашува Стоилковски
  • Според Стоилковски 4 години се преголем период да се остави Македонија на Заев

Премногу е да се остави Македонија уште четири години да биде водена од најкоруптивниот режим предводен од Зоран Заев, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавата на Заев дека треба да се прекине со барање за предвремени избори.

– Четиригодишен период со најкриминалната, најкопрумираната односно најкорумпираниот режим предводен од Зоран Заев е преголем период за да се остави таква катастрофа за Македонија, потенцираше Стоилковски.

Тој  нагласи дека Зоран Заев го нема владејачкото мнозинство, што се докажа  при гласањето на интерпелацијата за Димитров каде на власта и недостигаа 7 пратеници.

–  Тоа го докажа и гласањето на интерпелацијата за Никола Димитров. Зоран Заев мора да одговори каде се 7 негови пратеници да гласаат за Никола Димитров или да одговори дали можеби Никола Димитров го пушта низ вода, изјави Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk