logo
logo
logo

Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Vecer | 06.05.2021

Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“


Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“.

Тој се вакцинираше со првата доза на кинеската вакцина на „Синофарм“.

„ Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда во попладневните часови“, истакна Заев и додаде дека со дозите што пристигнаа минатата недела, како и со договорените и потврдени количини што ќе пристигнат во претстојниот период, верува дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на неселение што ќе биде вакцинирано.

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат, потенцирајќи дека вакцините се безбедни.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk