logo
logo
logo

Цуцуловски: Преговори за историја и идентитет ПОГУБНО Е ДА СЕ ПРИФАЌААТ

Vecer | 26.02.2021

Цуцуловски: Преговори за историја и идентитет ПОГУБНО Е ДА СЕ ПРИФАЌААТ

Погубно е секое наше прифаќање за било каков разговор со Бугарија на теми за историја, идентитет и јазикот смета универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, кој вели дека добрососедство е економија, развивање туризам, инфраструктура, меѓучовечка соработка, а не разговор за заедничка историја и идентитетски прашања.

- Ние со Бугарија можевме да разговараме како да се подобри патната инфраструктура помеѓу двете земји, како да се развие туризмот, за стопанска соработка, а за заедничка историја и идентитетски прашања такви теми воопшто не треба да се прифаќаат, рече Цуцуловски за „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека дали Македонците сме Македонци и дали македонскиот народ е македонски, за тоа не се разговара помеѓу комисии, ниту помеѓу држави.

- Фактот дека таа комисија е државна говори дека државата преку таа комисија разговара со Бугарија за овие прашања.  Што е сегашноста ако не е резултат на минатото. Нема што јас да разговарам дали сум или не Македонец, дали постојам или не постојам, дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин, дали ќе го славиме заеднички. Ако Бугарија сака да го слави, нека го слави, но зошто би го славеле заеднички? Зошто браќата Кирил и Методи или Свети Климент да ги славиме заеднички, вели Цуцуловски.

Тој додаде дека апсурдот оди до таму што Чешка и Словачка реагираа на нивното присвојување на сесловенските просветители, затоа што нивното значење е за целиот словенски народ.

Во однос на изјавите дека  бугарската политика е ваква каква што е сега заради предизборието, вели дека тоа значи дека се обвинува бугарскиот народ за националнистички народ.

- Според оваа теза значи дека бугарските граѓани се националисти, па политиката мора да биде националистичка за да може да ги придобие нивните симпатии и така да се победи на избори. Тоа е страшно да го тврдите за сопствениот народ, како што го прават бугарските политичари, нагласи Цуцуловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk