Полицијата во Охрид во саботата приведе 42-годишник кој претходно со своето возило БМВ удрил пешак, па го напуштил местото на несреќата.
„На 21.12.2024 во 22.30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Стив Наумов“ во Охрид патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(42), удрило во пешакот М.А.(41), двајцата од Охрид, по што го напуштило местото на настанот“, информира МВР.
Пешакот бил пренесен во градската болница „Св. Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од МВР велат дека бил извршен увид на местото на несреќата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата