logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Правосудни апсурди, двајца генерални секретари на влада осомничени за криминали до гуша, а премиерите чисти

Vecer | 04.10.2022

Правосудни апсурди, двајца генерални секретари на влада осомничени за криминали до гуша, а премиерите чисти

Обвинението за поранешниот секретар на влада Мухамед Зекири покажува две работи, едната е дека владите на СДС се инкубатор за криминал, а втората е дека правосудните органи ги гонат селективно само спроведувачите, а не организаторите на криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Нејасно е како може  Зекири да биде обвинет за штета на буџетот од 1,5 милиони евра, а неговиот претходник генерален секретар на влада Рашковски за перење на пари и незаконски набавки, а притоа премиерите да бидат чисти. Постојат основани сомненија дека криминалите, за кои се товарат овие двајца,  биле  иницирани и  спроведувани по насока на нивниот претпоставен или претпоставени. Правосудни апсурди.

Ете затоа народот има недоверба кон правосудството од 92%. Правосудните органи ја штитат главата на криминалот, а само кога не може да замижат пред очигледните докази за криминал, ги гонат пониските ешалони. И во таквите случаи поситните риби поминуваат со најмали можни казни, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека одговорност за сите криминали на оваа власт на клептоманите од СДС мора да има, но од најниските спроведувачите до врвот на криминогената пирамида.

- Ако тоа не може да го спроведе ова обвинителство предводено од послушникот Јовевски, тоа ќе го спроведе некое друго ослободено и професионално обвинителство, се вели уште во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk