logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Власта прави се за ДЕФОКУС НА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО“

Vecer | 24.09.2021

„Власта прави се за ДЕФОКУС НА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО“

Власта на СДСМ и ДУИ на секаков начин сакаат да ја забошотат трагедијата во тетовската модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти и да ја дефокусираат јавноста од оваа тема. Затоа излегуваат наводно бугарски нон -пејпери, затоа се пуштаат аудио материјали, затоа отвораат прашања за кои имале години наназад да ги решат, на крајот затоа Заев дава и анационални и антидржавни изјави со кои ги навредува историјата и идентитетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Оттаму потенцираат дека буквално оваа власт е подготвена на се, само да не понесе одговорност.

- А причини, поради кои Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ треба да понесат одговорност, има многу. Модуларната болница била градена според тендерска постапка на министерството за здравство, со спецификација за материјали, кои видовме како изгореа за неколку минути. Ниту имало апарати за гаснење пожар, ниту имало систем за рана детекција, ниту пак имало надзор на изградбата на објектот,  истакнуваат од партијата.

Тие посочуваат дека фактот што Филипче и другите одговорни не понесуваат морална одговорност и оставки остава огромен сомнеж дека тие по секоја цена се задржуваат на функција за да може да прикријат нешто или да влијаат врз истрагата.

- Тие може да бегаат, но нема да избегаат. Правдата и одговорноста ќе стаса, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk