logo
logo
logo

Пр. Буџаковски: Со нови докази ДА ИМА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ за 27. април

Vecer | 08.05.2021

Пр. Буџаковски: Со нови докази ДА ИМА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ за 27. април

Да се повтори судскиот процес за настаните од 27 април во случај на нови докази но и политиката да се дистанцира од правосудството, смета универзитетскиот професор по казнено право Стефан Буџакоски откако во јавноста повторно се актуелизираа случувањата.

Околу правните дилеми за квалификацијата на кривичното дело за кое беа обвинети најголем дел од инволвираните – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по член 313 од КЗ, Буџакоски смета дека е несоодветна бидејќи според него обвинетите немале намера да го загрозат уставниот поредок.

Квалификацијата на кривичните дела и судските пресуди за собраниските инциденти беа една од темите за кои вчера разговараа и шефот на државата и лидерот на најголемата опозициска партија. Пендаровски по средбата рече дека со Мицкоски неколку минути разговарале за тоа и дека ако има нови докази може повторно да се отвори процесот но дека не заговара негово преотворање. Мицкоски пак во изјавата на претседателот денеска рече дека гледа притисок.

Инаку и лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека го поддржува повторното судење на 27 април повторувајќи го ставот дека на 27 април немало терористички акт, туку насилство или напад врз пратеници, политички лидери и новинари.

За најголемиот предмет поврзан со упадот во собранието судот изрече вкупни затворски казни над 200 години, по што Апелациониот суд ги намали затворските казни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk