Власта на СДСМ дезертираше и го остави народот на цедило со пожарите. Покажа дека системот не функционира и дека СДСМ има трула власт. Заев отиде да се слика во Берово, замина, а пожарот продолжи. Така работи владата на Заев, шминкерски, труло, несистемски, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.
Од партијата додаваат дека овој пат таквата опасна неспособност се плати и со животи.
- Наместо да гасат пожари СДСМ пушташе лажни вести и клевети, затоа што за оваа власт на Заев животите немаат вредност. Наместо со спасување на народот тие се занимаваат со некрофилија и клевети. Пожарите потврдија дека Владата на Заев е опасно неспособна, потенцираат од партијата.
Оттаму истакнуваат дека потребно е Собранието итно да расправа за недостатоците на системот и да се лоцира и индивидуалната одговорност за пропустите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата