Околу 15 минути по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Боро Менков“ настанал пожар во стан сопственост на Д.В (40) од Скопје.
-Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад сопственикот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата