-Зајакнувањето на Царинската управа со уште два мобилни скенера ќе овозможи поефикасни контроли на македонската Царина, и ќе помогне да се спречи протокот на недозволена трговија и внес на разна стока во државата, истакна директорката Кутиров.Заменик-амбасадорот Граф, изрази задоволство што Германија може да придонесе за зајакнување на граничните контроли.
-Сигурни и ефикасни царински контроли се од суштинско значење за безбедно движење на луѓе и стоки. Во таа насока, Германија ги донира овие мобилни скенери. Среќни сме што придонесуваме за обезбедување на ЕУ стандардите во граничните контроли во Република Северна Македонија, потенцира Граф.Од ЦУ посочуваат дека е значајно што мобилните скенери се лесно преносливи, при што можат да скенираат до 12 возила на час на различни локации.
-Само во две поголеми акции годинава инспекторите од мобилна Царина со помош на мобилни скенери извршија заплена на 62 килограми наркотична дрога, што кажува за придобивките од употребата на овие машини при контролите, истакнуваат од ЦУ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата